Седум лица загинаа при експлозија на гас во рудник за злато во Зимбабве

Експлозија / Фото: Архива

Седум лица, меѓу кои шест странски државјани, загинаа при експлозија на боци со плин во рудникот за злато САС во областа Мазове во Зимбабве, соопшти полицијата.

Шестемина странци беа Кинези, изјави за Ројтерс пратеникот Мазоу Фортун Часи.

– Кога стигнав таму, полицијата ги собираше телата. Претставници на Министерството за рудници и други владини претставници беа таму и се обидуваа да откријат што точно се случи, рече Часи.

Експлозијата се случила во рудникот на околу 50 километри северно од главниот град Хараре, соопшти полицијата.

Полицајците „ги истражуваа околностите во кои загинаа шест странски државјани, како и еден Зимбабвеец, кога експлодираа боци со плин во рудникот САС, изјави портпаролот на полицијата Пол Нијати.

Друго лице е тешко повредено и пренесено во локалната болница, додаде Нијати.

 

Извор: Ројтерс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот