Седум исчезнати во лавина на непалските планини

Фото: Профимедиа

Наведено е дека досега се извлечени 30 планинари и дека се работи на спасување на останатите, а временските услови не одат во прилог на спасувачката операција.

Најмалку четири Јужнокорејци и три непалски водичи се водат како исчезнати, откако лавина погоди популарна планинска рута на непалските планини.

Наведено е дека досега се извлечени 30 планинари и дека се работи на спасување на останатите, а временските услови не одат во прилог на спасувачката операција.

Јужнокорејското министерство за надворешни работи соопшти дека лавината се случила вчера на висина од 3.230 метри, како и дека се исчезнати државјани на таа земја, две жени и двајца мажи, наставници кои во Непал работат како волонтери.

Лавината, според информациите од медиумите, ја погодила популарната планинска патека Анапурна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот