Седум големи рекорди кои Ѓоковиќ може да ги сруши во 2021 година!

epa08718243 Novak Djokovic of Serbia in action against Daniel Elahi Galan of Colombia during their men?s third round match during the French Open tennis tournament at Roland ?Garros in Paris, France, 03 October 2020. EPA-EFE/YOAN VALAT

Новак Ѓоковиќ имаше одлична 2020 година, и покрај коронавирусот, кој најмногу го оштети, а во 2021 година можеше да продолжи во истиот ритам и да ја потврди својата доминација во „белиот спорт“.

Србинот ќе ја започне новата сезона на АТП-купот во Мелбурн (од 1 до 5 февруари), што ќе биде како загревање за „Австралија опен“ кој оваа година се одржува во одложен термин, од 8 до 21 февруари.

– Може да го поправи сопствениот рекорд на „Австралија опен“

Ѓоковиќ е веќе рекордер по бројот на титули во Мелбурн, вкупно осум, а годинава може да дојде и до рекордна деветта титула.

– Да го сруши рекордот по бројот на недели на 1 место на АТП-листата

Федерер е на врвот со поминати 310 недели, а Ѓоковиќ (кој е на 303) може официјално да биде неговиот наследник на 8 март.

– Би можел да биде вториот играч во историјата кој победил на повеќе од 300 грен слем мечеви

Тоа може да го направи веќе на „Австралија опен“, му недостасуваат уште четири победи. Единствениот кој ја надминал границата од 300 е Федерер со 362 грен слем победи.

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

– Влегува во „клубот 1000“ според бројот на победи?

Сега е на шестото место на вечната листа со 934 победи, само четворица успеале да забележат повеќе од 1000 победи во кариерата, Џими Конорс, Рожер Федерер, Иван Лендл и Рафаел Надал. Пред Ѓоковиќ е уште само Аргентинецот Гиљермо Вилас (951) кој не е повеќе професионално активен во тенисот.

– Може да ги престигне Федерер и Надал по бројот на Грен слемови

Ова е неговата најважна цел до крајот на кариерата. Федерер и Надал имаат по 20 грен слем титули, а српскиот ас е на 17. Доколку сите ги освои годинава, ќе дојде до бројката од 21, а воедно би бил и единствениот во историјата кој во оваа ера ги освоил сите четири грен слем турнири.

– Може да биде единствениот во историјата со најмалку две титули на сите Грен слемови

За ова достигнување му е потребен триумф на „Ролан Гарос“ каде минатата сезона беше поразен од „кралот на земјата“, Надал. Ноле последен пат го освои Париз во 2016 година.

– Може да постави рекорд на Олимписките игри

Нема злато на Олимписките игри, може да биде рекордер по бројот на победи на Олимписките игри, моментно има девет и му недостасуваат уште четири за да го престигне рекордот на Федерер кој има 13.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот