Седум годишно девојче повредено во сообраќајка во Тетово

Сообраќајна незгода
Сообраќајна незгода /Фото: МИА

На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Тетово.

Седум годишно девојче е тешко повредено во сообраќајна незгода во Тетово што се случила попладнево околу 17 часот, откако во неа удрило возило. Поради повредите по укажаната помош во тетовската клиничка болница е однесено на скопските клиники.

– Во СВР Тетово е пријавено сообраќајна несреќа на улицата „Јане Сандански” во која патничко возило форд фокус со скопски регистарски таблици управувано од женско лице на 34 години од Тетово удрило во малолетно девојче-пешак. Повреденото девојче е однесено во тетовската болница за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот