Седум генијални начини на употреба на кокосово масло: Помалку масни наслаги на телото и здрава коса

Unsplash
Unsplash

Кокосовото масло има бројни здравствени придобивки – ја штити кожата, ја подобрува функцијата на мозокот, па дури и ги намалува масните наслаги. Еве седум начини на кои можете да го користите за да го подобрите вашето здравје.

Кокосовото масло, наводно, е една од најздравите намирници, а тоа е наречено „супер храна“. Се добиваат со притискање на суво или свежо кокосовото „месо“ – белиот месестиот дел од кокосот.

На собна температура, кокосовото масло е релативно цврсто и восочно. Но, штом се загрее се трансформира во вид на масло.

За што сѐ е добро ова масло?

Масни наслаги на стомакот

Ако го вклучите кокосово масло во вашата исхрана, тоа може да ви помогне да го забрзате отстранувањето на маснотиите во стомакот, што е познато и како маснотии од висцерална маса.

Висцералните масти имаат тенденција да ги покриваат вашите главни органи и можат да го зголемат ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип 2.


Болки во зглобовите

Пациентите со артритис можат да имаат корист од кокосово масло поради неговите анти-инфламаторни својства. Воспалението е еден од клучните симптоми на артритис и може да придонесе за болка во зглобовите.

Суви усни

Кокосовото масло делува како природен мелем за усни. Ги остава усните меки и хидрирани, истовремено заштитувајќи ги од штетните ефекти на сонцето.

Кутикули

Знаеме дека можат да бидат изненадувачки болни, но нанесувањето кокосово масло на кутикулите помага раните да зараснат брзо.

Дезодоранс

„Иако самата пот нема мирис, бактериите што живеат на вашата кожа можат да создадат несакани мириси“, изјави нутриционистот Францеста Сприклер.

„Силните антибактериски својства на кокосовото масло го прават одличен природен дезодоранс кој не содржи хемикалии“, додаде таа.


Губење на тежина

Редовно додавање на кокосово масло во вашата исхрана може да ви помогне да изгубите тежина.

Функционира со зголемување на чувството на ситост – исто како по обилен оброк. Ова значи дека е помала веројатноста да започнете да јадете повторно подоцна во текот на денот.

Оштетена коса

Кокосовото масло и помага на вашата коса да одржува протеини, што е клучно за здрава коса. Едноставно нанесете го маслото директно на вашата коса – можеби дури и како замена за комерцијалните маски за коса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот