Броила за струја / фото: МИА

Седум делови од Скопје и околината утре ќе немаат струја, прекините ќе траат и до седум часа

Во четврток (18 септември) дури седум делови од Скопје и околните села ќе бидат без струја поради планирани технички зафати, информираат од Електродистрибуција.

Според најавата, прекини ќе има во следниве скопски населби и села:
• Сарај – од 08:05 до 11:00 часот (села Рашче, Бојане, Копаница, Свиларе, Радуша, Кондово и дел од Волково)
• Таор – од 08:30 до 15:00 часот
• Кисела Вода – од 08:30 до 15:30 часот (дел од ул. Благоја Гојан и ул. Рилски Конгрес)
• Центар – од 09:00 до 12:00 часот (дел од ул. Коле Неделковски и дел од ул. Лениновa до градинката)
• Драчево – од 09:00 до 12:00 часот (ул. Домазетовска)
• Карпош – од 09:00 до 13:00 часот (дел од корисниците на ул. Осло) и од 09:00 до 15:00 часот (ул. Козле бр.149 и околни потрошувачи)
• Студеничани – од 09:30 до 12:00 часот (Герника 1, Драчево 1 и Речиште).

Надлежните апелираат граѓаните навреме да се подготват за планираните прекини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот