Седум армиски припадници кои се дел од НАТО мисијата во Авганистан утре се враќаат во нашата земја

Фото: МИА

Нивното враќање ќе се реализира со специјален лет на хрватската компанија „Croatia Airlines“ организиран од Владата на Република Хрватска со цел враќање на нивните 11 припадници во меѓународната мисија во Авганистан.

Седум припадници на Армијата на Република Северна Македонија кои се дел од НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан утре ќе се вратат во нашата земја.

Нивното враќање ќе се реализира со специјален лет на хрватската компанија „Croatia Airlines“ организиран од Владата на Република Хрватска со цел враќање на нивните 11 припадници во меѓународната мисија во Авганистан.

-Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија се очекува утре во вечерните часови да пристигнат и потоа да бидат транспортирани до нашата земја. По нивното пристигнување согласно препораките од Владата и од Министерството за здравство ќе бидат упатени во двонеделен карантин кој е задолжителен за сите граѓани кои се враќаат од странство- наведуваат во соопштението од Министерството за одбрана.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска се заблагодари на министерот за одбрана на Република Хрватска, Дамир Крстичевиќ за заедничкиот настап и помошта при враќањето на нашите војници. Двајцата министри заклучија дека грижата и здравјето за припадниците на армиските сили е приоритетна во овие моменти.

Дел од нашата постоечка ротација во НАТО мисијата во Авганистан порано ќе се врати во Република Северна Македонија поради генералното намалување на силите на Алијансата, вклучително и на турскиот контингент во кој учествуваме, во овој период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот