Седници на Законодавно-правната и Комисијата за политички систем

Собрание / фото: Влада на РСМ

Во Собранието денеска ќе заседаваат Законодавно-правната и Комисијата за политички систем и и односи меѓу заедниците.

Комисијата за политички систем ќе ги разгледа Предлог-законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор, во второ читање, како и Информацијата за спроведувањето на препораките на Народниот правобранител за надминување на констатираните состојби содржани во Извештајот на Народниот правобранител, од страна на органите на државната управа опфатени во истиот.

Законодавно-правната комисија ќе одржи две седници. на првата се Предлог-законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор и две барања за автентични толкувања, додека на дневен ред на втората е Статутот на Универзитетот во Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот