Седници на три собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање се Предлог извештајот за работата на Комисијата на Собранието во 2018 година и утврдување на предлогот на двајца пратеници за учество во работата на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање формирана од Владата.

Комисијата за образование и наука ќе ги разгледува статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје во прва фаза и информацијата за состојбите во основното образование.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе расправаат по Предлог-законот за контрола на надворешно трговскиот промет со необработени дијаманти во вторно читање и по статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје во прва фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот