Седници на собраниските комисии за политички систем и одбрана и безбедност

Фото: МИА

Во Собранието на Република Македонија денеска по две седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за одбрана и безбедност, а ќе заседава и Законодавно – правната комисија.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ја продолжи расправата за Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2020 година, а потоа на втората седница ќе ги разгледа годишните извештаи за работата на Агенцијата за администрација, на Инспекцискиот совет и на Агенцијата за заштита на личните податоци, сите за 2020 година.

На дневен ред на двете седници на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот внатрешни работи, второ читање поднесен од Јован Митрески, Арбер Адеми, Кастриот Реџепи, Илија Николовски, Љупчо Балкоски, како и предлог-одлуки за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA” во Централноафриканската Република и за учество во мировната операција на Европската Унија „АЛТЕА”, во Босна и Херцеговина, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, второ читање, и
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во второ читање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот