Седници на четири собраниски комисии

Собрание на РС Македонија / Фото: СП. архива

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за транспорт, врски и екологија, за европски прашања и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност се измените на Законот за државјанство и на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправаат за предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за интероперабилност во железничкиот систем и за измените на Законот за жичари и ски-лифтови, двата во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања се Предлог на закон за фитофармација, Предлог-закон за општа безбедност на производите и измените и дополнувањата на Законот за трговските друштва, сите во прво читање.

Седница ќе одржи Законодавно -правната комисија,на чиј дневен ред се предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за интероперабилност во железничкиот систем и за изменување на Законот за жичари и ски-лифтови, и двата во второ читање, како и барањата за давање на автентично толкувањена членовите 21 и 40 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија” бр. 78/15,106/15,153/15,190/16, 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 101/19), поднесени од градоначалникот на Општина Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот