Седницата на Советот за безбедност ќе почне во 12 часот напладне во Вила Водно

Фото:Слободен печат

Советот за безбедност утре напладне во претседателската вила Водно ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба.

Со почеток во 12:00 часот утре во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно” ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

Советот за безбедност утре напладне во претседателската вила Водно ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба.

Сабота е последниот ден кога истекува третата – двонеделната вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 15 мај.
Претседателот Педаровски, почнувајќи од 18 март досега донесе три одлуки за прогласување вонредна сотојба. Првите две во времтраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот