Седница на шпанската Влада: На дневен ред е вонредната состојба во Мадрид

Фото: EPA-EFE/JM Cuadrado HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Шпанската Влада утрово започна седница на која ‘ќе се разгледува воведувањето на вонредна состојба во Мадрид и околните општини. Седницата следува откако е воведен делумен карантин во Мадрид и предградијата, со цел спречување на ширењето на коронавирусот.

Премиерот Педро Санчез синоќа разговараше со регионалната шефица, Изабел Дијаз Ајусо на која и постави ултиматум дека, доколку таа не прогласи вонредна состојба, тогаш тоа ќе го направи Владата.

Вонредната состојба и дава дополнителни овластувања на Владата времено да ги ограничи правата на граѓаните, а во овој случај тоа се однесува и на слободата на движење.

Последните две недели во Мадрид и околината се регистрирани по 591 случај на зараза на 100.000 жители, што е двојно повеќе од цела Шпанија заедно (257 на 100.000) и многу повеќе од европскиот просек (113 на 100.000).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот