Седница на иранскиот Парламент поради убиството на Фахризаде

Иранскиот Парламент денеска одржа седница зад затворени врати поради убиството на научникот Мохсен Фахризаде.

По седницата пратеникот Мохамед Накир Галибаф изјави дека „непријателите на Иран мора да зажалат за ликвидацијата на Фахризаде”.

– Нашите непријатели криминалци ќе заќжалат бидејќи ќе се соочатсо силна реакција, истакна Галибаф.

Иранскиот конзервативен весник „Кајхан” денеска објави дека Иран треба да го нападне израелскиот град Хаифа доколку се утврди дека Израел е виновен за убиството на Фахризаде.

Иранскиот аналитичар Садолех Зареиј изјави дека нападот врз Хаифа би предизвикал голем број жртви и би предизвикал загриженост бидејќи ниту Израел ниту САД се подготвени за војна.

Иран за убиството на идејниот творец на тајната нуклеарна програма за вооружување го обвини Израел. Фахризаде беше убиен во петокот во близина на Техеран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот