Седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, донесен Акциски план

Согласно одлуката на Владата за прогласување кризна состојба на цела територија на државата во траење од 30 дена, денеска се одржа втората седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, што го раководи директорот на Центарот, в.д. Стојанче Ангелов, на која беше донесен Акциски план.

Акцискиот план ќе отиде на разгледување на Управувачкиот комитет што е составен од министрите за внатрешни работи, за надворешни работи, за одбрана, здравство, транспорт и врски и јас како раководител на Главниот штаб. Состојбата кај нас не е нешто полоша од состојбата во регионот. Сметам дека ја имаме под контрола, изјави Ангелов.

Најави дека ќе работат и на јакнење на јавната свест. Граѓаните, како што рече, да сфатат дека се работи за една опасна болест. Ќе има продолжување на медиумската кампања, која би била уште позајакната. Најави дека ќе бидат вклучени и претставници од невладиниот сектор.

-Ќе побараме од Советот на Владата за соработка со невладини организации да определат неколку претставници на невладини организации кои се занимаваат со човекови права. Ја разгледавме и соработката со Армијата, која ќе и асистира на полицијата, но и ќе дава директна помош на здравствените установи онаму каде што тоа е потребно, изјави Ангелов.

Прашан за капацитетите на приватните болници, рече дека тоа не е во надлежност на Главниот штаб, туку на  Министерството за здравство.

Ангелов апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот