Седница на Уставниот суд

Уставен суд/ Фото: МИА

Уставниот суд денеска ќе одржи седница на која ќе расправа по иницијативата со која се оспорените членови 174 ставови 8 и 9 и член 176 став 3 од Законот за високото образование како неусогласени со конкретниот член од Уставот кој бил операционализиран со членот 151 од Законот за работните односи. Подносителот на иницијативата смета дека оспорените законски одредби не биле во согласност со Уставот кој во членот 89 став 5 предвидува дека функцијата претседател на Владата и министер е неспојлива со вршење на други јавни функции или професии.

На дневен ред на седницата ќе се најде и иницијативата за оспорените член 19 став 17 од Законот за административни службеници како неусогласени со член 8 став 1 алинеја 3, членот 15, членот 50 и членот 51 од Уставот, кои предвидуваат владеење на правото како темелна вредност, гарантирано право на жалба и заштитата на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите, како и начелото на уставност и законитост. Подносителот наведува дека настанувале повреди на Уставот кога државен орган како тужен ќе се повикал на оспорениот член 19 став 17 од Законот за административни службеници, бидејќи граѓанинот – тужител не можел да има увид кога точно почнувал да тече утврдениот рок за поднесување на тужба против одлуката од Комисијата за одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен.

Пред уставните судии ќе се најдат и иницијативите поднесени на Одлука бр.09-360/1 од 31.01.2020 година и Одлука бр.09-317/1 од 28.01.2021 година на Советот на Општина Кочани,   Одлука за усвојување на конечниот Предлог Детален урбанистички план – Урбана единица “В” – Блок 8 – Општина Гостивар, број 08-2101/1 од 25.12.2020 година, како и 5. Член 1 став 2 од Гранскиот колективен договор за изменување и дополнување на Гранскиот колективен договор за органи на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено – поправните и воспитно – поправните установи, државното правобранителство, општините, Градот Скопје и општините на градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.

Инаку, Уставниот суд вчера на Фејсбук објави дека Стопанската комора на Северна Македонија ги оспорила пред судот законските одредби за прогласување на недела за неработен ден, бидејќи сметаат дека е спротивен на слободата и пазарот на претприемништво.

Недела како неработен ден стапи на сила од 1 јануари годинава, откако претходно пратениците во Собранието ги изгласаа законските измени на 20 декември 2021.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот