Седми меч за 10 дена, Металург имаше нов успешен тест

rkmetalurg.mk

Иако и овој натпревар „сино-белите“ го одиграа со преполовен тим, а се чувствуваше и замор, бидејќи ова беше нивни седми натпревар во последните десет дена, дополнети со патувања до Москва и до Кањижа, без многу проблеми го совладаа тимот на Дубочица.

Стартуваа со една одлична серија од 8:0 во првите 10 минути од мечот, што од самиот почеток го посочи победникот. Но, високото почетно водство ја ослаби концентрацијата кај ракометарите на Металург, кои дозволија противникот да ја преполови предноста до крајот на првото полувреме, 12:16.

Најблиску резултатски ривалот беше во 32. минута (14:17), но потоа тимот од Автокоманда повторно го засили темпото и во 47. минута стигна до максималните „плус девет“ позитива, 18:27. Со оваа иста разлика средбата и заврши, а конечниот резултат е 25:34.

Веднаш после средбата, Металург тргна кон Скопје. Претходно македонскиот ракометен клуб славеше победа и против составот на Партизан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот