„Седма сила“: ЕУ и НАТО се сет од западни вредности, а не само геостратешки опции!

Освен декларативно Македонија треба и суштински да се определни за зпадните вредности, а не да создава митови за други вредности специфични за Русија.

Да си членка на НАТО и на ЕУ не е доволно да се залагаш декларативно, туку политичките субјекти поединечно треба да се залагаат и за споделување на истите вредности, ова беше тема на денешната „Седма сила“ на програмата на ТВ Нова на веб изданието на Слободен печат.

Гости беа новинарите и аналитичари Љупчо Зиков, Ненад Јовановиќ и Борјан Јовановски.

Со членството во НАТО простор за други глобални влианија во Македонија има малку, вели Љупчо Зиков во емисјиата „Седма сила“ на Слободен печат.
-ЕУ има свој предизвик во овој период а тоа да се дефинира и позиционира и таа кон Запаниот Балкан. Самиот факт што сеуште не е доволно позиционирана ја чини неа геостратешки ризик, затоа што оставајчи го тој простор недефиниран остава простор за Русија на Балканот и моѓност да се размислува и за некои други сценарија, а тоа ќе се види во март на состанокот за Западен Балкан.

Ненад Јовановиќ смета дека и покрај најавите за т.н.„ крја на историјата“ во стварноста се движат два блока:
-Еден е источен со сиот свој ориентализам и другиот западен кој се држи до владеење на правото, до човековите права, граќански иницијативи и т.н. и оваа опција е единствениот важен курс за оваа земја. Очигледно оној исгточниот е производ и создавач на кризи национализам и популизам, па и апсолутизам. Оттаму и нашите десни популисти се консументи на тие вредности и политики кои постојано генерираат криза. За разлика од нив оваа влада со сите свои дубиози сепак се определила за западните вредности.

Факт е дека Декларативноста ЗА ЕУ и НАТО можеби се претворила во флоскула смета Борјан Јовановски но според него не е допрена супстанцата по тоа прашање:
– Ако ги погледнете учебниците и што децата учат по историја ќе видите дека образовниот систем е сеуште обремент со тие митови и национализми со култ за цврста рака, и се она што претставува репер на авторитарни вредности. Затоа имаме една шизофрена ситуација дека кога говориме за ЕУ и НАТО ние треба да подразбираме други вредности, како критички однос кон историјата, кон реалноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот