Седлоски позитивен на ковид-19, го напушти Динамо Загреб!

twitter.com/MacedonianFooty

Не траеше долго соработката помеѓу екс македонскиот репрезентативец Гоце Седлоски и хрватскиот фудбалски клуб Динамо Загреб.

Раскинат е договорот на Седлоски кој досега го водеше Б тимот на Динамо Загреб.

Во текот на својот мандат, нашиот тренер четирипати беше во самоизолација и на крајот пред два дена доби позитивен тест на ковид-19.  Тоа го спречи да го презентира своето тренерско знаење пред младите играчи на Динамо.

Седлоски и клубот проценија дека при ваква ситуација, а со оглед на големиот број натпревари кои доаѓаат според распоредот, разделбата е најдоброто решение.

Поранешниот играч на клубот и тренер во младите категории во Динамо, Иван Прелец ќе го замени Седлоски на местото тренер на Б тимот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот