Седлоски потврди: Да, ќе го водам вториот тим на Динамо Загреб

фото: твитер

Нашиот стратег воедно вели дека не знае точно кога ќе отпатува за Загреб каде што има и стан, сè зависи од мерките околу коронавирусот.

Откако во текот на вчерашниот ден беа објавени информации дека македонскиот репрезентативец ќе го преземе вториот тим на Динамо Загреб, истите добија и потврда.

Ќе ги води надежите на Динамо Загреб, тоа го потврди Гоце Седлоски (46) во изјава за „24sata.hr“:

Ми се исполни желбата. Да, можам да ви потврдам дека ќе го преземам вториот тим на Динамо. Се знае колку го сакам Загреб и колку ми е мило што се враќам во Динамо – се зборовите на Седлоски кој седум години го носеше дресот на хрватскиот фудбалски гигант, а беше и капитен на „модрите“.

Нашиот стратег воедно не знае точно кога ќе отпатува за хрватскиот главен граде каде што има и стан. Сè зависи од мерките околу коронавирусот.

Последниот тренерски ангажман го имаше во босанскиот клуб Широки Бријег, а го водеше и Вардар против Динамо во Лигата на шампионите пред четири години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот