Седлоски: Натпреварот во Скопје против Лапи ќе биде само прво полувреме

Фото: fcshkupi

В четврток со почеток од 20.00 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ – Скопје составот на Шкупи ќе го игра првиот натпревар од 1. квалификациско коло во Конференциската лига против Лапи од Косово.

Тренерот на клубот од Чаир, Гоце Седлоски ветува дека неговите играчи ќе го дадат максимумот, но воедно ќе бидат и претпазливи на патот кон добар резултат.

– Имавме добри подготовки пред овој европски предизвик, за противник имаме еден добра екипа која обезбеди настап на меѓународната сцена преку Купот. Првиот дуел во Скопје ќе биде само прво полувреме, мојот тим нема проблеми, можам да кажам само дека си заминаа многу играчи, но и донесовме нови засилувања кои добро се вклопија. Посакувам со една колективна игра да дојдеме до посакуван резултат. Воедно би била добредојдена и поддршката од трибините, што ќе биде дополнителем мотив за нас – вели Седлоски.

Голманот на Шкупи, Кристијан Наумовски дека косовоскиот ривал не е ни малку наивен.

– Да, ја имаме фаворитската улога, но истата треба да ја оправдавме на теренот. Да игравме против екипа од Косово пред четири-пет години ќе ви кажев дека ќе поминеме сигурно, но вака ќе мора да се потрудиме со оглед на вложувањата. Наше е да ги исполниме задачите кои ќе ни ги даде тренерот и се надевам дека на крајот ќе оствариме добар резултат пред реваншот – рече Наумовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот