Седлоски: На реваншот нè очекува уште потежок дуел со Лапи

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски/Фото: fcshkupi.com

Во првиот натпревар од 1. квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје составот на Шкупи триумфираше со 2:0 против Лапи од Косово.

Клубот од Чаир ги искористи своите шанси на натпреварот, да направи многу голем чекор кон пласман во второто квалификациско коло од ова натпреварување.

Со головите на Маркоски и Руватубаје македонскиот претставник стекна убава предност пред реваншот во Приштина кој ќе се игра на 15 јули.

Тренерот на ФК Шкупи, Гоце Седлоски и пред мечот знаеше дека ќе биде тешко против Лапи:

– Им честитам на моите фудбалери, воедно честитки и до Лапи за коректната игра. Мислам дека заслужено го добивме овој натпревар, иако реков, дека ова е само „прво полувреме“, имаме уште еден натпревар пред нас и мора да останеме цврсто на земја. На реваншот нè очекува уште потежок дуел, но мислам дека имаме доволно време да се подготвиме добро. Уште еднаш им честитам на моите фудбалери, кои дадоа сè од себе – рече Седлоски по натпреварот.

Шкупи стартуваше со победа во УЕФА Конференциската лига

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот