Седлоски ќе ги води надежите на Динамо Загреб во ЛШ!?

twitter.com/MacedonianFooty

Поранешниот македонски репрезентативец како наследник на Игор Јовичевиќ е најголем кандидат за клупата на вториот тим на „модрите“.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, поранешниот македонски репрезентативец би можел да го води вториот тим на Динамо Загреб.

Своевремено како професионален фудбалер Гоце Седлоски беше дел од првата екипа на „модрите“ со кои успеа трипати да биде шампион во најсилното хрватско првенство.

Неколку пати се шпекулираше и како прв кандидат да ги води најдобрите на Динамо Загреб (во чии редови игра нашиот репрезентативец Аријан Адеми), но немаше трансфер. Но, еве можно е да биде дел од „Максимир“, но во втората екипа како замена за Игор Јовичевиќ кој би требало да седне на клупата на првата екипа.

Во комбинација беа уште тренерот на Истра, Иван Прелец и поранешниот кормилар на Горица, Сергеј Јакировиќ, но изборот падна очигледно на Македонецот. 46-годишниот стратег во тренерската кариера ги водеше уште Турново, Вардар, Рига и Широки Бријег.

Инаку вториот тим на Динамо Загреб до прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирусот имаше успешна сезона во младинската Лига на шампионите. Во осминафиналето го елиминираше Баерн Минхен, а во четвртфиналето хрватската екипа треба да ги одмери силите против Бенфика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот