Седлоски: Горд сум на момците, Динамо не победи на искуство

Работнички е новиот тренерски предизвик на Гоце Седлоски/фото: Слободен печат/Драган Митрески

Македонскиот шампион Шкупи не успеа да го елиминира Динамо Загреб во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите иако пред вечерашниот реванш имаше одлични 2:2.

Во реваншот кој се играше на Наионалната Арена „Тодор Проески“, Динамо славеше со 0:1, но тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски и покрај поразот е задоволен од прикажаната игра на неговите фудбалери.

– Кога ќе се одиграат два натпревари на такво ниво со екипа како што е Динамо Загреб тогаш мислам дека треба да сме задоволни. Мислам дека бевме рамноправен противник, но Динамо е таква екипа која знае да ги искористи своите пет минути. На полувремето ги предупредив моите  фудбалерите дека тие ќе тргнат агресивно на почетокот од вториот дел, но тоа е фудбалот. Искрено верувам дека ќе беше поинаку ако Цефас го дадеше голот по онаа шанса во првиот дел. Факт е дека мора да се искористуваат шансите. Во секој случај горд сум на момците. Сепак треба да се потсетиме дека игравме против екипа со голем ростер на играчи, затоа мислам дека беше ова наше светло издание. Динамо победи на искуство и му посакувам успех во продолжението во Лигата на шампионите, а ние продолжуваме по нашиот европски пат. Имаме нова цел пред нас, не чекаат нови четири европски средби на кои сакаме уште подобри игри – изјави Седлоски на прес-конференцијата по натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот