„Седи дома квиз“ во новата емисија на „Еден на Еден“, водителот Тарик Филиповиќ го менува Жаре? (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

„Седи дома квиз“ ќе се вика новата епизода на „Еден на еден“. Трета емисија по ред, Жаре снимаше од својата дневна соба, а овој пат гости ќе му бидат повеќе интересни ликови.

Во квизот, натпреварувачи се: Викторија Лоба, Сашко Коцев, Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски. Жаре ќе ги испроба со знаење на повеќе теми: спорт, политика, музика, филм, но ќе има и дел од квизот наречен корона.

А, кој знае повеќе за квизовите на регионално ниво, освен популарниот милионер Тарик Филиповиќ? И Тарик Филиповиќ од Загреб е гостин во новата „Еден на Еден“. Прво, на Жаре ќе му даде совети како се води добар квиз, а потоа ќе раскаже како се снаоѓа во карантин со сопругата, синовите, со бабата и со миленикот. Тарик ќе зборува и за земјотресот кој го погоди Загреб минатиот месец.

За тоа што откри Тарик, и за тоа кој од домашните гости ќе победи во квизот, ќе дознаеме во недела, на Канал 5 од 18.30.

Во меѓувреме, погледнете ја навајата:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот