„Седеа на маса во аголот, осветленa само со свеќи. Изгледаше многу романтично“: Дали Деми Мур и Џон Траволта се новиот холивудски пар?

Фото: Принтскрин / Instagram

Наводно, Џон Траволта во последно време не се разделува од Деми Мур, тие биле видени и на романтична вечера, а притоа се шпекулира дека ги споил Брус Вилис

Се повеќе се шират гласини за новата љубовна двојка во Холивуд која никој не ја  очекуваше.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)


Странските медиуми пренесуваат дека актерите Џон Траволта (67) и Деми Мур (58) во последно време поминуваат многу време заедно, а во прилог на гласините е и  приказната на една келнерка од ресторан во Флорида каде што холивудските ѕвезди биле заедно на вечера

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 90s ROCKS !!! (@90z_rocks)


„Седеа на маса во аголот, осветлени само со свеќи. Изгледаше многу романтично, многу се смееја, па дури и се држеа за раце“, изјавила келнерката за странските медиуми.

За да бидат работите уште поинтересни, се шпекулира дека ги споил нејзиниот поранешен сопруг, актерот Брус Вилис. Имено, Брус и Траволта се пријатели долги години и наводно кога му признал дека е подготвен за нова љубов по смртта на неговата сопруга, актерката Кели Престон, а Брус му предложил да ја запознае Деми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

Сето ова ги подгреа гласините за нов холивудски пар и немаме друг избор освен да чекаме да видиме дали наскоро ќе им кажат нешто на медиумите.

Да потсетиме, сопругата на Траволта, Кели Престон почина пред една година по двегодишна борба со ракот на дојката, која ја чуваше во тајност. Тие беа во брак 28 години и имаа три деца заедно, но нивниот најстар син Џет го загуби животот во 2009 година при несреќа во бањата. Актерот сѐ уште не се помирил со загубата на синот и сопругата и редовно им посветува објави на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

Новата нова наводна девојка на Траволта, Деми, има три неуспешни брака зад себе. Нејзиниот прв сопруг беше музичарот Фреди Мур, со кого беше во брак од 1980 до 1985 година, а по разводот го задржа неговото презиме. Потоа, во 1987 година се омажи за Брус Вилис со кого има три ќерки, а тие се разведоа во 2000 година. Пет години подоцна, 15 – години помладиот Ештон Качер ја однесе на олтар, а тој брак траеше до 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот