Себастијан Курц е гневен на политичарите кои се вакцинирале преку ред

Austrian Chancellor Sebastian Kurz (L) welcomes Ukrainian President Volodymyr Zelensky on September 15, 2020 in Vienna, Austria.,Image: 558092742, License: Rights-managed, Restrictions: Austria OUT SOUTH TYROL OUT, Model Release: no, Credit line: HANS PUNZ / AFP / Profimedia

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц упати денеска остри критики за неколкумина локални политичари кои се вакцинарале против ковид-19, иако не припаѓале во приоритетните групи.

– За мене е целосно неприфатливо некој да се вакцинира преку ред. Тоа од морална страна е многу разочарувачко, истакна Курц.

Тој реагираше на информациите дека повеќемина нискорангирани политичари, главно градоначалници, во некои делови на Австрија се вакцинирале преку ред, откако при имунизацијата на персоналот во домовите за стари и изнемоштени лица останале неискористени вакцини.

– Кога ќе останат вакцини важно е тие веднаш да се искористат, но за вакцинирање на повозрасни лица, а не на политичари, нивните сопруги и локални познати личности, нагласи австрискиот канцелар.

Скандалот изби откако докторка во градот Фелдкирх, во сојузната покраина Варалберг, одбила да вакцинира локален градоначалник укажувајќи му дека тој не е по никакви критериуми на ред за вакцинирање.

– Му кажавме дека не е на ред за вакцинирање и дека тоа може да го направи во последната фаза, кога ќе бидат на ред политичарите, истакна докторката.

Во Австрија досега се вакцинирани само 1,4 отсто од населението, што е помалку од планираното.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот