Сеавус се проширува на европскиот пазар, ја отвори првата канцеларија во Полска

Сивус Полска
Фото: МИА

Компанијата за развој на софтвер и консалтинг услуги, Сеавус ја отвори во Варшава, својата прва канцеларија во Полска, со што значително ја зголемува мрежата и достапноста на своите услуги на европскиот пазар. Канцеларијата во Варшава е вкупно 16-та на компанијата, а Полска е деветтата држава во која Сеавус отвора свои простории. Со првата канцеларија во Полска, Сеавус продолжува со глобалниот раст и развој и ја зголемува понатамошната експанзија на компанијата во Европа.

– Новата канцеларија ќе го зголеми нашиот капацитет и талент, и ќе ни овозможи подобро да им служиме на нашите клиенти. Изминативе неколку години, видовме континуиран развој во обемот и работењето на нашиот бизнис, глобално растеме и ја зајакнуваме нашата експертиза во процесот на дигитална трансформација во повеќе индустрии. Имајќи го ова на ум, решивме да го зголемиме нашето присуство во ЕУ и ја развиваме канцеларијата во Варшава врз основа на нашите стратешки планови за континуиран раст, вели Дејан Петрески, Главен Оперативен Директор на Сеавус.

Сеавус е водечка компанија за развој на софтвер, основана со цел да креира и понуди напредни решенија соодветно со потребите на компаниите и пазарот. Од своето основање спроведува стратегија на континуиран раст и развој, во обемот и доменот на работата, со што создава висококвалитетни ИТ решенија и услуги што го моделираат работењето на денешните компании, но и воопшто во ИТ индустријата.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот