Резултати од пребарувањето за: МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ

МЗ: На Инфективна нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници

На Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, соопшти Министерството за здравство откако во медиумите се прошири веста дека постои таков пациент во болницата во Кичево. -Во врска со пациентот кој се споменува во медиумите, според информациите од кичевската болница станува збор за суспектен пациент кој е во добра здравствена состојба …

МЗ: На Инфективна нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници Read More »

Евидентиран прв случај мајмунски сипаници во Молдавија

Во Молдавија е регистриран првиот случај мајмунски сипаници, соопшти денеска преку социјалните мрежи молдавската министерка за здравство Ала Немеренко. Според неа, болното лице е странец кој службено во Молдавија допатувал од САД. „Лицето побарало лекарска помош во Инфективната болница каде што е хоспитализирано со сомневање за мајмунски сипаници. Евидентираните симптоми се треска, слабост и исфрленост …

Евидентиран прв случај мајмунски сипаници во Молдавија Read More »

САД: Нова метода за инјектирање вакцина против мајмунски сипаници

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден одлучи да дозволи поинаков метод на инјектирање на вакцината против мајмунски сипаници што користи една петтина од количината на единечна доза, објави „Њујорк тајмс“, цитирајќи високи претставници запознати со тоа прашање. САД минатата недела прогласија мајмунски сипаници за вонредна состојба за јавното здравје во обид да го засилат одговорот …

САД: Нова метода за инјектирање вакцина против мајмунски сипаници Read More »

Во Грција потврдени вкупно 39 случаи на мајмунски сипаници

Во Грција, заклучно со 4 август, потврдени се вкупно 39 случаи на мајмунски сипаници, сите мажи на просечна возраст од 37 години, согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописичката на МИА од Атина. Во изминатата седмица регистрирани се седум нови случаи, со оглед на тоа дека минатиот четврток бројот на …

Во Грција потврдени вкупно 39 случаи на мајмунски сипаници Read More »

Индија потврди за прв смртен случај од мајмунски сипаници во Азија

Индија ја потврди за прв смртен случај од мајмунски сипаници , млад човек од јужната држава Керала, и тоа е прв фателен исход од болеста во Азија. Минатата недела, Шпанија објави за два смртни случаи поврзани со мајмуни сипаници, а Бразил еден. Светската здравствена организација на 23 јули ја прогласи епидемијата за глобална здравствена вонредна …

Индија потврди за прв смртен случај од мајмунски сипаници во Азија Read More »

Регистриран прв случај на мајмунски сипаници во Црна Гора

Лабораторијата за молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Црна Гора откри, а во соработка со српсккот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ и го потврди првиот случај на мајмунски сипаници во Црна Гора, соопшти ИЈЗ. „Регистрираниот случај е црногорски државјанин и е во добра општа состојба“, се наведува во соопштението. Од …

Регистриран прв случај на мајмунски сипаници во Црна Гора Read More »

Втор смртен случај од мајмунски сипаници во Шпанија

Шпанија го регистрираше вториот смртен случај поврзан со мајмунски сипаници, пренесува „Гардијан“. Земјата го пријави првиот ваков случај вчера, а денеска од министерството за здравство на Шпанија соопштија дека е пријавено уште едно починато лице како последица на вакво заболување. Бразил беше првата земја надвор од Африка која пријави смртен случај поврзан со мајмунски сипаници, …

Втор смртен случај од мајмунски сипаници во Шпанија Read More »

Во Њујорк воведена вонредна состојба поради мајмунски сипаници

Гувернерката на државата Њујорк, Кети Хочул синоќа прогласи вонредна состојба во државата поради ширење на мајмунски сипаници. „Прогласувам вонредна состојба во државата за да ги зајакнеме нашите напори во борбата против мајмуните сипаници“, напиша Хочул на Твитер. Таа додаде дека повеќе од еден од четири случаи на мајмунски сипаници во САД се регистрирани во Њујорк, …

Во Њујорк воведена вонредна состојба поради мајмунски сипаници Read More »

Во Словенија досега потврдени 35 случаи на мајмунски сипаници

Во Словенија досега се потврдени вкупно 35 случаи на мајмунски сипаници од првиот случај во мај, соопшти денеска Националниот институт за јавно здравје. Податоците на Институтот покажуваат дека една третина од луѓето се заразиле во странство – во Шпанија, Италија и Босна и Херцеговина. Уште една третина се заразила во Словенија, додека за останатиот дел …

Во Словенија досега потврдени 35 случаи на мајмунски сипаници Read More »

Сали: Немаме регистрирано случај на мајмунски сипаници

Во земјава нема регистрирано случај на мајмунски сипаници, а Институтот за јавно здравје располага со доволно тестови за дијагностицирање на овие сипаници, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали. „Има доволно тестови за евентуална појава на сипаници. За вакцините, од националниот кородинатор за имунизација имам потврда дека во државата имаме на располагање вакцини доколку се …

Сали: Немаме регистрирано случај на мајмунски сипаници Read More »