Се знае наредниот клуб на Пеп Гвардиола!? (ФОТО)

twitter.com/City_Xtra

Менаџерот на „граѓаните“ е прва желба на управата на ПСЖ од наредното лето, пренесува францускиот „Ле10 Спорт“.

Доколку Томас Тухел не направи успех во Лигата на шампионите извесно е дека ќе биде сменет, а за негов наследник се најавува Пеп Гвардиола за кој сè повеќе се зборува дека ќе си оди од „Етихад“.

Тухел со клубот има врвни резултати во француската „Лига 1“, но доколку не постигне нешто големо во Лигата на шампионите (каде што во осминафиналето ќе игра со Борусија Дортмунд), тогаш и дефинитивно му се заканува отказ.

Освен Гвардиола, меѓу кандидатите за стратег на париските „светци“ се одвојува и поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Кога сме кај „Старата дама“, и таа посакува на клупата да го има Гвардиола, а се шпекулира дури и негово враќање во Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот