Се знае кои производи ќе бидат во „новогодишната кошничка“, вели Мицкоски

Христијан Мицкоски / Фото: Влада на РСМ

Веќе се дефинирани производите што ќе бидат опфатени со „новогодишната кошничка“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој додаде и дека се дефинирани цените на прехранбените производи кои ќе бидат вклучени во владината мерка.

Според премиерот, „есенската кошничка“ дала резултат, граѓаните можеле да ги почувствуваат ефектите, а тоа го потврдувале и бројките.

-Продолжуваме понатаму. Од тоа што сум информиран од минстерот за економија, остварена е комуникација со комроите, дефиниран е списокот на производи и артикли за пред Нова година, дефинирани се и цените. Работиме и тоа се гледа од извештаите што ги објавува Државниот завод за статистика. Видовте дека по не знам колку време, месечната инфлација е во минус и изнесува -0,7 проценти, односно сме во дефлација кога ќе се споредат октомври и септември. Жал ми е што од опозицијата тоа беше критикувано, но бројките се немилосрдни. Ефектите од мерката граѓаните може да ги почувствуваат и се гледа во бројките, октомври има намалување, нема веќе инфлација, туку има дефлација од -0,7, а беше 0,3 отсто во септември во однос на август. Сега имаме еден процент надолу што е заштеда од 1 000 до 1 300 денари, но тоа не е доволно, ќе продолжиме да работиме. Не можеме се веднаш и преку ноќ, но важно е да се гледа дека работиме, граѓаните да сфатат дека има генерација политичари кои сакаат да работат, веќе петти месец правиме се што можеме за животот на граѓаните да им биде подобар, рече Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања по увидот во градежните активности кај Велес.

Премиерот беше придружуван од заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, како и од Коце Трајановски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот