Се зголемува субвенцијата за задржано женско јагне

Ваквата одлука е донесена поради проблемите со откупот на јагнето што ги предизвика кризата од коронавирусот.

Од досегашните 700 сега државата дава финансиска поддршка во висина од 1500 денари за секое задржано женско јагне, со што вкупната субвенција доколку се вкалкулира и основната мерка од 1000 денари за бележано грло сега достигна до 2.500 денари.

Според Министерството за земјоделство, ваквата одлука е донесена поради проблемите со откупот на јагнето што ги предизвика кризата од коронавирусот.

Министерството наведува и дека во следниот период ќе продолжи да ја следи состојбата со откупот и извозот на јагне и ќе бидат во постојaна комуникација и со одгледувачите на овци и со откупувачите, а освен традиционалните пазари како Италија, Хрватска, Грција, се бараат и други, алтернативни за извоз на јагнето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот