Се зголемува имунизациската покриеност на Кипар – со првата доза вакцинирано 48,6 отсто од населението
Првата доза од вакцината во Република Кипар ја примиле 359.952 граѓани односно 48,6 отсто, а над 155.000 или 21 процент од населението се целосно имунизирани, соопшти кипарското Министерство за здравство, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството соопштуваат дека процесот на вакцинација се одвива со забрзано темпо, а најмалку една доза примиле 85,4 отсто од лицата над 80 години и 81,9 проценти од граѓаните меѓу 70 и 79 годишна возраст.
Пафос е на првото место според регионите со најголема имунизациска покриеност, 50,7 отсто од жителите се вакцинирани со најмалку една доза.
На Кипар веќе сите полнолетни граѓани, имаат можност да се вакцинираат, а паралелно драстично се намалува и бројот на новозаразени.
Според последните официјални податоци, вчера биле регистрирани 75 нови случаи од направени 60.508 ПЦР или антигенски брзи тестови, а бројот на заразени се зголеми на 71.911 лица.
Од почетокот на епидемијата починаа вкупно 354 лица.