СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Осум мртви во ерупцијата на вулканот во Нов Зеланд

Бројот на жртви од ерупцијата на новозеландскиот вулкан се искачи на осум
Полицијата на Нов Зеланд денеска соопшти дека уште две лица починале од здобиените повреди при ерупцијата на вулканот на Белиот Остров, со што бројот на жртви се искачи на осум.

Починатите лица се лекувале во болници во Окланд и во Хамилтон.

Девет луѓе се водат како исчезнати, а полицијата ги идентификувала седум туристи од Австралија и двајца туристички водичи од Нов Зеланд.

Според полицијата исчезнатите најверојатно се во вулканот, но спасувачките екипи не можат да стигнат до нив бидејќи вулканот се уште е активен и е премногу опасно.

Уште 28 лица се хоспитализирани, од кои 23 се здобија со изгореници опасни по живот.

Вулканот еруптираше во понеделникот додека групи туристи беа на островот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот