Се зголемува бројот на тестираните на дневна основа, бројката на дијагностицираните останува приближно иста

Добро е што бројката на дијагностицирани пациенти останува иста без разлика на тоа што од почетокот досега бројот на тестови се зголемува, порача министерот за здравство Венко Филипче.

– Имаме иста бројка на нови пациенти секојдневно за се поголем и поголем број на направени тестови, рече Филипче во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека дневно вкупно се прават помеѓу 200 и 300 тестови во сите лаборатории и приватните и државните.

– Деновиве се вклучи и лабораторијата на Ветеринарниот институт со 30-ина теста, плус во трите приватните институции во секоја поединечно се прават по околу 30 тестови. Сметам дека сега засега имаме сосем доволен капацитет на тестирање, рече Филипче.

Министерот најави донација од 20.000 тестови и 5.000 тестови од една од приватните лаборатории која, како што посочи, ќе ги донира тестовите постепено согласно препораките и индикациите од епидемиолозите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот