Се зголемува бројот на новозаразени и хоспитализирани со Ковид-19 во Албанија

Фото ЕПА

Нови 740 случаи со Ковид-19 или околу двеста повеќе од вчера, четворица починати, и а повеќе од 50 ново хоспитализирани, е билансот за епидемиолошката состојба во Албанија во последното деноноќие.

-Состојбата понатаму е тешка. Од направените 5.544 тестирања опасниот врус е потврден кај 13,3 отсто од тестраните, 715 се внесени во списокот на оздравени, додека починаа четири лица на возраст од 54 до 87 години. Активни на болеста се 12.129 а во двете ковид болници се хоспитализирани 152 лица, што е за околу педесет повеќе споредено со вчера, од нив 15 се во тешка состојба, информраше министерството за здравство.

Додаваат дека поголемиот процент од заразените се со „Делта” варинатата и оти до сега не е регистран случај на заразени со „Му” варијантата.

Според статистиката на минстертвото од почетокот на февруари минатата година, кога беа регистрирани првите случаи, опасниот вирус е потврден кај 152.239 од направените 1.088.518 тестирања, закрепнале 137.587, додека почнале 2.523 лица.

Познати епидемиолози, а вчера и поранешниот министер за здравство Тритан Шеху, обвинуваат дека властите ги кријат реалните бројки на заразени и починати, кои според нив се за неколкупати повисоки.

Во меѓувреме во земјата притигна нова пратака од над 31илјада дози вакцини Фајзер, со што до сега замјата има набавено над 1,9 милони дози, имунизрани се над 1,5 милони граѓани што е 23 отсто од популацијата или 68 отсто од планираната бројка со националната стратегија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот