Се зголемува бројот на екипи кои се заинтересирани за Џејмс Харден
Најдобриот кошаркар на Хјустон рокетс, Џејмс Харден, се наоѓа на излезни врати од НБА тимот, а листата на заинтересирани екипи од ден во ден се зголемува.
Харден кој го прескокна стартот на подготовките за новата сезона и се забавуваше во стриптиз клуб, во еден момент беше најблиску до Филаделфија сиксерс, но медиумите во САД објавија дека уште три екипи пројавуваат сериозен интерес за него и тоа се Лос Анџелес Клиперс, Минесота тимбервулфс и Њу Орлеанс пеликанс.
ВИДЕО: „Ракетите“ ги започнаа подготовките, Харден ужива во стриптиз клуб
Клиперси за да дојдат до еден од најдобрите играчи во НБА лигата се подготвени да се откажат од Пол Џорџ, Минесота како адут во пакетот играчи го има Деанџело Расел, додека Њу Орлеанс е подготвен да се откаже од Брендон Инграм кој неодамна доби нов договор.
Џејмс Харден по завршувањето на сезоната во која Хјустон во плејофот испадна од шампионот ЛА Лејкерс, поднесе барање да биде разменет во друга екипа која има шампионски амбиции. Желбата на Харден беше да игра во Бруклин нетс заедно со Кевин Дурент и Кајри Ирвинг, но „ракетите“ го бараат токму Ирвинг во замена за популарната „брада“ по што размената пропадна.
Се чини дека и Филаделфија ќе излезе од трката бидејќи новиот тренер Док Риверс не сака да слушне некој од неговите двајца играчи, Џоел Ембид и Бен Симонс, да биде дел од размената.