Се зборува дека низ неговиот кревет поминале над 3.000 жени, во младоста играл за „Реал Мадрид“, а го урнал гинисовиот рекорд со продажба на албуми!

Се зборува дека низ неговиот кревет поминале над 3.000 жени, а тој еднаш на шега одговори „тоа веројатно беше до 1976 година, не ги преброиле останатите жени“.

Шпанскиот пејач по кој со години лудуваа жените од целиот свет, има возбудлива биографија, уште пред да стане славен пејач. Во раната младост бил голман во фудбалскиот клуб Реал Мадрид и пред него била блескава фудбалска кариера, сè додека не се повредил во една сообраќајна несреќа, и морал да го напушти спортот во 1963 година. Додека лекарите сметале дека Хулио нема да може ни да се движи, од несреќата се опоравил за само три години. За да вежба движење со прстите, при опорувањето, почнал да свири на гитара.

Роден е на 23 септември, 1943 година, во Мадрид, во богато семејство, татко му бил познат лекар, мајка му исто така со богато потекло и кубанска крв, а малиот Хулио сонувал да го наследи таткото во професијата. Сепак, подоцна се запишал на студии по право. Во 1968 година се пријавил на еден музички фестивал на кој победил, и следувал првиот договор со Дискос Колумбија. Во 1970 година ја претставувал Шпанија на Евровизија пласирајќи се на 4. место, но тоа пак му донело интренационална препознатливост и висок пласман на музичките топ-листи низ Европа.

профимедиа

Селидбата во Мајами му донела светска слава 

На почетокот на 70-те години Хулио бил веќе ѕвезда, но и секс симбол. Сепак, најголемата слава му ја донел проектот со Рамон Аркуза, со кој соработувал во следните 25 години. Зенитот во кариерата го достигнал на почетокот на 80-те, откако се развел од Изабел Прејслер, а по разводот се преселил во Мајами каде почнал да пее на англиски јазик.

Оттогаш неговите албуми се продаваат во милионски тиражи низ светот. До 1983 година, Хулио продал над 100 милиони албуми, поставувајќи го гинисовиот светски рекорд, а до 2002 година таа бројка станала двојна – 200 милиони продадени албуми, на 14 јазици.

профимедиа

Од првиот брак, со Изабел, има три деца – Чабели, Хулио Иглезиас џуниор и Енрике Иглезиас кој е денес подеднакво славен како Хулио.

По втор пат се венчал дури во 2010 година, после 20-годишна врска со Миранда Ријнбургер, со која има пет деца – три сина и ќерки близначки.

Хулио и Миранда Ријнбургер

За семејството да биде уште поголемо и повесело, и таткото на Хулио, во 89. година од својот живот, од својот втор брак добил две деца Џејм и Рут, а Хулио на полни 61 години добил брат и сестра.

На 75-годишна возраст – добил 43 годишен син

Минатата година шпанскиот суд пресудил дека Хулио Иглезиас е татко на 43-годишен маж и на тој начин се решил спорот стар 30 години, со утврдување на татковството, зашто славниот пејач одбивал да биде тестиран со ДНК. Хавиер Санчес Сантос е роден во 1976 година, а мајка му е португласката танчерка Марија Едит Сантос.

Богатството на најголемиот заводник на модерното време, Хулио Иглезиас, е големо, има неколку куќи, најчесто престојува во куќата во Доминиканската Република, а куќата на Флорида кога во 2006 година била ставена на продажба за 28 милиони долари, според Форбс била прогласена за „една од десетте најскапи куќи на југот на Америка“.

И денес тој е активен на музичкото поле, најмногу преку концерти, а во градовите низ светот е со воодушевување пречекуван воглавно од женската публика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот