Се збогатува арсеналот на оружја против ковид-19: ЕМА проценува лек на јужнокорејски „Селтрион“

Лек против ковид-19/Фото: EPA-EFE/YONHAPNEWS / CELTRION INC. EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека проценува лек против коронавирус, базиран на антитела, развиен од јужнокорејската компанија „Селтрион“.

Тоа е трет ваков лек што се ревидира, бидејќи на почетокот на овој месец, ЕМА почна со евалуација на лекови базирани на антитела, развиени од американски производители на лекови „Ели Лили“ и „Регенерон“ за употреба кај одредени пациенти болни од коронавирусот.

Европската агенција за лекови соопшти дека нејзиниот комитет за лекови го проценува првиот сет на податоци што ги добила од испитувањето на лекот „регданвимаб” врз животни и луѓе и порача дека ќе продолжи да ги проучува, како што ќе добива повеќе податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот