Се затвора градскиот базен во Куманово поради високи сметки за гас и струја

Градски базен Куманово
Затворениот градски базен Куманово / Фото: Фејсбук, Градски базен Куманово

Поради зголемените цени за електрична енергија и гас, затворениот градски базен, времено нема да биде отворен за посетителите, соопштија денеска надлежните од Општина Куманово.

ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово, кое менаџира со СРЦ „Базени“ ја информира јавноста дека затворениот градски базен Куманово времено ќе престане со работа (од 18.1.2022 година), сè до решавање на проблемот со енергетска криза во државата, посочија денеска од општина Куманово.

– Новонастанатата енергетска криза во државата со рапидно поскапување на електричната енергија кон правните субјекти и тоа до десет пати за електрична енергија и четири пати за природен гас, нè става во ситуација како ЈП да генерираме енормни загуби во секојдневното работење на овој спортски комплекс и истиот сме приморани да го ставиме вон употреба во овој зимски период, информираат надлежните.

Оттаму велат дека паузата во работењето ќе ја искористат за сервисирање на постоечката опрема и дополнително санирање на одредени градежни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот