Сè започна со мајсторија: Првиот гол на Роналдо во сениорската кариера! (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо /

Португалскиот фудбалер, еден од најдобрите во светот, својот првенец го имаше за Спортинг Лисабон во контролниот меч против Бетис.

Кристијано Роналдо во сениорската кариера постигна досега 725 голови на официјалните натпревари.

За лисабонските „лавови“ одигра 31 натпревар, беше стрелец на пет голови пред да потпише договор со Манчестер јунајтед во 2003 година.

Но, интересно е тоа што никој досега не го погледнал неговиот прв погодок во сениорскиот фудбал! Овој гол не е реализиран на официјален меч, но секако беше на своето деби во една сениорска екипа.

Поточно за Спортинг Лисабон дебитираше на 7 октомври 2002 година, а веќе во својот прв официјален меч, во победата против Мореиренсе реализираше два голови во победата од 3:0.

Но, сега на социјалните медиуми кружи уште едно видео, и тоа од првенецот на еден од најдобрите фудбалери во историјата на сениорско ниво.

Во дресот на Спортинг, португалскиот репрезентативец реализираше еден прекрасен гол на пријателскиот дуел против Бетис. Интересно е тоа што шпанскиот коментатор направи грешка, па така наместо името на Роналдо, како стрелец го најави неговиот соиграч Кустодио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот