Се запалил камион во движење на автопатот од Тетово кон Гостивар

Пожарникари / Фото: Архива

Без повредени поминал пожарот кој избувнал во камион во движење утрово на автопатот од Тетово кон Гостивар. Возачот и совозачот навреме излегле од возилото.

– Утринава околу 7 часот на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на клучката за Жеровјане, избувнал пожар во товарно моторно возило „волво“ со охридски регистарски ознаки, во движење управувано од 43-годишниот Т.Н. од охридски Лескоец. Во камионот како сопатник се наоѓало уште едно лице од Кичево. Нема повредени, а со интервенција на тетовските и гостиварските пожарникари, пожарот целосно е локализиран.

Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Оттаму апелираат возачите да вршат проверка на техничката исправноста на електричните инсталации во возилата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот