Се запали комбе во близина на магистралниот пат Кичево – Осломеј

Пред околу половина час на паркингот на шопинг центарот „Гара” во близина на магистралниот пат Кичево – Осломеј се запали комбе со кое  се разнесува леб.

Возачот на комбето навреме излегол од возилото, а причинета е само материјална штета. Во гасењето на пожарот интервенирала екипа на ТППЕ Кичево, која спречила огнот да ги зафати возилата што биле во близина на комбето. На местото пристигнале полициски службеници и амбулантно возило

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот