Се запали цистерна со бензин на автопатот Свети Николе – Штип

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од полициска станица од Свети Николе.

На автопатот Свети Николе–Штип, кај место викано „Медово“, вчера околу 19 часот се превртела цистерна со бензин, со скопски регистарски ознаки, управувана од С.Д.(45) од Скопје, по што се запалила.

По незгодата, С.Д. бил пренесен во медицински центар Штип за укажување на лекарска помош, каде што му биле констатирани телесни повреди.

Пожарот е изгаснат од противпожарните единици од Свети Николе и Штип.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од полициска станица од Свети Николе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот