Се замрзнуваат цените на лимонот, портоколот, мандарината, грејфрутот и клементината

Оттаму посочуваат дека по прогласувањето на пандемијата трговците ја зголемиле продажната цена на јужното овошје и оти цената на лимонот драстично се зголемила до 180 денари по килограм.

На предлог на Министерството за економија на денешната владина седница донесена е одлука за замрзнување на цените на лимонот, портоколот, мандарината, грејфрутот и клементини.

Одлуката, како што информираа попладнево од Министерството за економија, е донесена по пријавите од страна на граѓаните за енормно зголемување на цените на овие производи. Целта е да се надмине злоупотребата на моменталната состојба на пазарот, да се заштитат потрошувачите и цената да се врати на нормалното ниво. Одлуката ќе стапи на сила откако ќе биде објавена во Службен весник.

– Според Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки се определува највисока трговска маржа на овие производи за трговски друштва и трговец поединец која се применувала во периодот од 1 јануари 2020 година до 11 март 2020 година кога од страна на Светската здравствена организација (СЗО) беше прогласена пандемија на Коронавирусот COVID- 19. Според Одлуката оваа маржа ќе важи до 30 април 2020 година, се наведува во соопштението од Министерството за економија.

Оттаму посочуваат дека по прогласувањето на пандемијата трговците ја зголемиле продажната цена на јужното овошје и оти цената на лимонот драстично се зголемила до 180 денари по килограм.

– Според податоците добиени од Царинската управа на Северна Македонија за период од 11.03.2020 година до 19.03.2020 година увозната цена на портокалите се движи од 15 денари за килограм до 29,7 денари за килограм. Најизразена е маржата кај лимоните со оглед на тоа што увозната цена се движи од 32,3 денари по килограм до 45 денари по килограм. На ден 19.03.2020 година увозната цена на лимонот била 35 денари по килограм, а малопродажната цена достигна и до 180 денари по килограм, појаснуваат од Министерството.

Апелираат до граѓаните кои во трговските објекти ќе увидат енормно зголемување на овие производи да пријават во Државниот пазарен инспекторат. Казните за оние кои ќе ги прекршат одлуките на Владата се движат до 5.000 евра, како и казна затвор согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот