Се заканувал дека ќе го киднапира, претепа и убие Трамп – го уапсија во Њујорк

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп / Фото EPA-EFE/JUSTIN LANE

Во Њујорк денеска е успен возрасен  маж (72), кој во повеќе наврати ги предупредувал американските власти дека планира да го убие Доналд Трамп пред или по претседателските избори во ноември 2020 година, соопшти обвинителството.

Томас Велницки „свесно и намерно му се заканил дека ќе го убие, киднапира и ќе му нанесе телесни повреди” на поранешниот американски претседател, соопшти обвинителството.

Велницки, кој беше уапсен од членови на Тајната служба, агенцијата одговорна за заштита на американските претседатели и потпретседатели, треба да биде испрашан во текот на денот.

Уапсеното лице, од 24 септември до 2 декември 2020 година, најмалку три пати се јавило во канцеларијата на Тајната служба во Њујорк, кажувајќи им дека имал намера да го убие Трамп и побарал информации за заштита на поранешниот американски претседател, додавајќи дека поседува оружје за таа цел.

-Ќе сторам се што можам за да се уверам дека е мртов, кажал Велницки во еден од телефонските разговори во кој Трамп го споредил со нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот