Се задолжуваме во странство за да влезат во државата повеќе девизи, објаснува Бесими

Фатмир Бесими, министер за финансии / Утрински брифинг, Фото: Драган Митрески - Слободен печат

Министерот за финансии Фатмир Бесими вечерва во емисијата „24 анализа“ рече дека ако се откажеме од буџетските приливи, тоа значи дека треба повеќе да се задолжуваме.

„За секој денар што ќе се задолжиме со нашата обврзница, која минатата година чинеше 1.6% камата, сега чини 7 плус. За секој денар од кој ќе се откажеме, граѓаните треба да платат тој денар плус 7% камата. Имаме обврска да го држиме буџетот стабилен и затоа одиме кон таргетирани мерки. Буџетските сретства да не се трошат нетаргетирано. Сакаме средствата да помогнат таму каде што треба. Во однос на ММФ, се зголемува надворешното финансирање, за да може да се внесат дополнително девизи во економијата. Тоа ќе го олесни притисокот врз пазарот на пари, каматните стапки и притисокот врз девизниот курс. На тој начин ќе се компензираат изгубените девизни резерви како резултат на трговскиот дефицит“, рече Бесими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот