Се забрануваат семејни прослави, забави и слави во домашни услови (ВИДЕО)

Се забрануваат групирања на јавен простор после 22 часот на повеќе од четири лица, собири во паркови, бензински пумпи, се воведува задолжително носење маски- рече Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-кофенренција во Владата ги изнесе за јавноста новодонесените мерки против сузбивањето на коронавирусот, а тоа се семејните прослави и собири, односно забави во домашни услови.

-Се забрануваат семејни прослави, собири, слави и дурги собири во групи. Домаќините ќе може да примат во својот дом до четири лица. Бидејќи анализите покажуваат дека најмногу заразени се токму од ваков тип на собири- рече Филипче.

Со оваа нова мерка ќе се избгне забавите од кафулињата да се префрлат во домашни услови.

-Се забрануваат групирања на јавен простор после 22 часот на повеќе од четири лица, собири во паркови, бензински пумпи, се воведува задолжително носење маски- рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот