Се вртат 230 милиони евра: Санчо на „Олд Трафорд“ само под еден услов!

фото: твитер

Според „Сан“, крилниот напаѓач на Дортмунд е желбата на екипата од „Олд Трафорд“ која е подготвена да му даде неверојатна плата од 400.000 илјади фунти неделно.

Џејдон Санчо нема да направи трансфер во Манчестер Јунајтед доколку овој клуб не обезбеди настап во Лигата на шампионите.

Крилниот напаѓач на Борусија Дортмунд е желбата на екипата од „Олд Трафорд“ која е подготвена да му даде неверојатна плата од 400.000 илјади фунти неделно или 455.000 евра, пренесува британскиот „Сан“.

На годишно ниво тоа би било 21.840.000 милиони евра, младиот играч воедно се поврзува со договор на пет години, тоа би значело дека „црвените ѓаволи“ ќе мора да одвојат околу 110 милиони евра и обесштетување од вкупно 230 милиони евра.

20-годишниот Санчо има фантастичен учинок од 31 гол и 42 асистенции во Бундес лигата и Лигата на шампионите.

Истиот извор пишува дека трансферот на Санчо во премиерлигашкиот гигант нема да се случи доколку Манчестер јунајтед не успее да обезбеди настап во групите на ЛШ.

До прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирусот, играчите на Солскјер беа рангирани на петтата позиција, три помалку од четвртопласираниот Челзи. Воедно пандемијата моментно го доведува во прашање завршувањето на првенството.

Во краен случај, можно е и ова петто место да биде доволно доколку се потврди казната на Манчестер сити од УЕФА без учество во ЛШ во наредните две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот