Се вршат анализи на претставките од граѓаните за работата на извршителите и нотарите

Министерство за Правда/ Фото: Влада на СРМ

Во Министерството за правда денеска се одржа средбата со граѓаните кои протестираа против работата на извршителите и нотарите. По средбата, Министерството за правда соопшти дека вршат анализа на претставките на граѓаните за работата на извршителите и нотарите, како и анализи и консултации за измена на Законот за облигационите односи со кои би се направиле законски ограничувања каматата да го надмине првичниот износ на долгот.

-Министерството за правда со внимание ги разгледува поднесените претставки за работата на изршителите кои граѓаните ги поднесоа по завршувањето на минатонеделниот протест што се одржа пред Министерството. Должни сме да ја известиме јавноста по однос на воочените проблеми на кои укажаа граѓаните со поднесените претставки, но и за време на средбите во Министерството. Најголемиот проблем кој го воочи Министерството за правда, всушност се големите камати кои често, неколкукратно го надминуваат основниот износ на долгот- се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Според Законот за облигациони односи, како што стои во соопштението, каматата тече до денот на исплата на долгот.

-Главниот проблем што се јавува во пракса е тоа што често каматата го надминува главниот долг. Втор голем проблем на кој укажаа граѓаните се и големите износи кои банките ги наплатуваат за блокирање и деблокирање на сметките на граѓаните, се наведува во соопштението.

Од Министерството за правда посочуваат дека во моментот се вршат анализи и консултации за измена на Законот за облигационите односи со кои би се направиле законски ограничувања каматата да го надмине првичниот износ на долгот.

-Сепак, должни сме да напоменеме дека се јавуваат проблеми со важење на измените ретроактивно. Тоа укажува дека решението на проблемот може да се бара во носење закон за отпис на камати, при што треба да се обезбедат средства за надомест на каматите, кои ги побаруваат приватни доверители, што не е во надлежност на Министерството за правда- се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот